Обучени службеници во секоја од општините ќе бидат задолжени за извршување на активностите во канцеларијата на дијаспората. Целта е да им помогнат и да ги насочат нашите иселеници во процесот на нивното инвестирање во родните краишта.
Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи за „Локално“ изјави дека почетокот на проектот за мапирање на македонската научна е економска дијаспора е исклучително ветувачки.
„Припадниците на нашата дијаспора ќе имаат можност најпрво да стапат во контакт со службениците по електронски или телефонски пат и да го изложат своето барање уште пред да бидат физички присутни во матичната држава, посебно во случаевите кога се работи за предмети чие решавање би траело подолго, и на тој начин ние одовде веќе им ја започнуваме постапката и тие не губат скапоцено време, а самиот предмет би бил навремено завршен кога тие ќе бидат овде“, посочи Чупи.
Целта е останатите барања за кои е предвиден рок во денови да бидат многу полесно и поефикасно решени за време на нивниот краток престој во татковината со посредство на службениците кои веднаш ќе ги упатат до вистинската адреса, односно институција која е надлежна за решавање на одредено конкретно барање како на пример вадење на изводи од матични книги за родени, венчани, умрени, за семејна состојба, за издршка итн.
Посочувајќи ги придобивките од проектот министерот Чупи ја наведе улогата на дијаспората во делот на девизните дознаки.
„Таа е на завидно ниво, што ни го покажуваат податоците добиени според анкетите на Народната банка, каде се вели дека околу две третини од девизните дознаки се користат за финансирање на личната потрошувачка а чиј износ годишно чини дури 4% од Бруто домашниот производ. Тука јасно се гледа дека се работи за сериозен прилив на финансии кој во никој случај не е за потценување“, вели Чупи.
Состојбите на терен и статистиката покажува дека се повеќе недостигаат инвестиции од странство а како главна причина за тоа, иселениците ја наведуваат недовербата кон македонските институции и трендот на брзо и често менување на политиките и законите поврзани со водењето бизнис. Како планирате да ги надминете овие проблеми?
-Се согласувам дека довербата е еден од главните фактори кои неизбежно влијаат на полето на инвестициите од дијаспората па токму поради тоа нашата главна мисија е вложување што поголеми напори во насока на постепено но сигурно враќање на довербата и секако на долги а не на привремени стази, занемарувајќи ги индивидуалните политички интереси и ставајќи акцент на изнаоѓање нови стратегии со цел постигнување на идеална инвестициска клима
Со каква динамика се одвива идејата за отворање канцеларии за дијаспората во 23 општини кои треба да имаат посредничка улога во комуникацијата со дијаспората? Каков кадар ќе биде вработен и за кога е најавен официјалниот почеток на нивната работа?
-Доколку се се одвива според претходно предвидениот план и распоред на овој проект за неколку месеци после анализа на првите извештаи за работа од сите општини ќе имаме една претстава за динамиката на сите активности кои за сега на самиот почеток во спроведувањето на оваа идеја можеме слободно да заклучиме дека се оди во добра насока. Согласно договорот за соработка со дијаспората помеѓу Владата на РСМ и општините, почетокот на работа како и воспоставување на соработката со МИОА е предвиден во период од 15 дена после неговото потпишување што значи веќе е отпочната работата во нив. Во врска со кадарот, од редот на службениците вработени во секоја општина посебно се определува еден кој ќе биде задолжен за извршување на активностите во канцеларијата за дијаспора и за сите нив беше организирана обука за ориентација во нивните идни активности со насоки на кои законски извори да се повикуваат во својата работа.
Една од основните идеи е да се помогне на нашите иселеници да ги решат проблемите што ги имаат со администрацијата. Кои се проблемите на кои се жалат и во колкава мера очекувате токму ваквите канцеларии да им помогнат за кусото време додека се во земјава, да им се забрзаат постапките што ги имаат со спорни предмети?
-Припадниците на нашата дијаспора ќе имаат можност најпрво да стапат во контакт со службениците по електронски или телефонски пат и да го изложат своето барање уште пред да бидат физички присутни во матичната држава, посебно во случаевите кога се работи за предмети чие решавање би траело подолго и на тој начин ние одовде веќе им ја започнуваме постапката и тие не губат скапоцено време а самиот предмет би бил навремено завршен кога тие ќе бидат овде. Останатите барања за кои е предвиден рок во денови ќе бидат многу полесно и поефикасно решени за време на нивниот краток престој во татковината со посредство на службениците кои веднаш ќе ги упатат до вистинската адреса односно институција која е надлежна за решавање на тоа конкретно барање или пак тие во име на странката ќе стапат во контакт со определените службеници, да речеме вработени во МИОА со кои се во постојана координација и на тој начин веднаш ќе го отпочнат процесот наместо за истото да им биде потребно повеќе време кое го немаат. Начелно значи сите ќе бидат услужени навремено или со давање потребна информација, насока или во многу случаи со директно поднесување барања кои најчесто се секако вадење на изводи од матични книги за родени, венчани, умрени, за семејна состојба, за издршка итн.
Јавноста сеуште го памети македонското искуство со економските промотори. Дали овие канцеларии за дијаспората ќе работат по тој принцип односно да бидат посредници на полето на привлекување претприемачи како идни потенцијални инвеститори во нивните родни краишта?
-На ова прашање првично треба да се даде општ одговор, односно привлекувањето на инвестиции од дијаспората треба да се базира на девизните дознаки кои доаѓаат од дијаспората бидејќи тие се показатели за интересот на нашинците. Во тој поглед сакам да посочам дека во изминатиот период кога се соочуваме со глобална економска и енергетска криза а да не ги заборавиме и разорувачките последици од пандемијата кога бројот на осиромашени семејства постојано се зголемуваше, улогата на дијаспората во делот на девизните дознаки како единствен извор на приходи на многумина во земјава е на завидно ниво, што ни го покажуваат податоците добиени според анкетите на Народната банка, каде се вели дека околу две третини од девизните дознаки се користат за финансирање на личната потрошувачка а чиј износ годишно чини дури 4% од Бруто домашниот производ. Тука јасно се гледа дека се работи за сериозен прилив на финансии кој во никој случај не е за потценување.
Во тој поглед, договор за Центрите за дијаспора ќе биде институционална рамка во која ќе се користи соодветна методологија за дополнително мапирање на локалната, научна и економска дијаспора за секоја општина посебно. Ова е еден од нашите утврдени приоритетни проекти од големо значење кои ќе придонесат првенствено за идентификување на бизнис заедницата која ја сочинуваат видни претприемачи со потенцијал за идни инвестирања кои воедно би придонеле кон поттикнување на развојот на локалната економија соодветно во општините од каде потекнуваат. Како заклучок, верувам дека ќе вложиме напори во таа насока во рамките на нашите можности и предвидени надлежности се со цел правилно насочување на потенцијалите на заинтересираните претприемачи од дијаспората и нивно соодветно користење во заеднички интерес за нив и државата.
Што велат вашите анализи и сознанија, во кои држави имаме најголема дијаспора и колку од нив се млади луѓе кои би вложиле дел од заработеното и заштеденото од странство во Македонија? Секако дека во овој контекст мапирањето ќе даде егзактни податоци, но постојат ли барем претпоставки за каков бизнис овие претприемачи би биле најзаинтересирани?
-Според нашите сознанија базирани на статистички анализи од повеќе официјални извори, Италија, Германија, Швајцарија, Турција и Австралија се некои од земјите во кои имаме поголем број на припадници на дијаспората од нашата земја, но се разбира заедници од наши луѓе има во многу други, како што се САД, Велика Британија итн. За добивање попрецизни податоци во врска со профилот на мигрираните лица како што се возраста, образованието, професијата и слично ќе бидат потребни дополнителни методологии и техники за нивно попрецизно идентификување и истите се вообичаено дел од редовните анализи на Заводот за статистика, Агенцијата за иселеништво како и некои други организации по примерот на Светска Банка.
Што покажува досегашното искуство на лица од дијаспората кои започнале бизнис во Македонија? Дали и во кои дејности ги насочуваат своите средства во развој на нивниот роден крај?
-Да ви кажам искрено, нашиот главен фокус во овој период беше фокусиран воглавно на идејата за промоции и владините програми за привлекување на инвестициите од нашата дијаспора. Во тој поглед, констатираме ефективна реализација во обезбедувањето на дополнителната финансиска поддршка од 15% за инвестиционите трошоци од дијаспората, предвидена во член 33 од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Оваа мерка од Законот за оваа година веќе ја имаат побарано 22 компании со активни договори при што во процесот на исплата се внимава на исполнетоста на условите од Законот и Правилникот за исплата на финансиска поддршка. Од друга страна, пред секоја посета за земји каде имаме поголема дијаспора, кога се сретнуваме со успешни претприемачи, секогаш се подготвуваме со информации за поволностите што Владата им ги нуди за да ги убедиме да инвестираат во татковината. Во делот на привлекување на инвестициите од дијаспората и продлабочување на соработката со неа а воедно на тој начин ќе се поттикнува целокупниот економски развој, би ја споменал како релевантна и иницијативата за организирање на економски бизнис форуми по примерот на некои значајни претприемачи од дијаспората кои формираат нивни стопански комори во насока на размена на искуства и вмрежување на бизнис заедницата и на која учествуваат претставници на успешни бизнисмени, значајни функционери како и градоначалници од земјите на престој и од нашата држава како модалитет за збратимување со градови во кој е побројна нашата дијаспора со градови во нашата држава.
Годишно во земјава од дознаки влегуваат над една милијарда евра што според познавачите е само третина од парите кои реално ги носат иселениците во Македонија. Ако одиме по логиката дека овој девизен прилив е добивка од заминувањето на нашите државјани во странство, што губиме како држава во делот на БДП, фондот за ПИОМ… во услови на масовна интелектуална миграција? Кои мерки според Вас се потребни и можат да го сопрат забрзаното губење на човечкиот потенцијал?
-Добивка од една страна но од друга страна голема загуба во поглед на целосниот социо-економски и културен развој на нашата држава која остана без голем дел од своето работоспособно население. Апсолутно е точно дека девизните дознаки чинат висок процент од приливот на финансиски средства во домаќинствата ширум државата но треба истите и правилно да се насочат по пат на олеснување на истите преку официјални трансакции. Затоа верувам дека е потребна координирана соработка на сите институции, агенции, граѓанскиот сектор и меѓународните фактори со цел спречување на интензивирањето и загубата на човечкиот потенцијал бидејќи истото е многу комплексен проблем со кои се соочуваат и многу други поразвиени земји од нашата.
Состојбите на терен и статистиката покажува дека се повеќе недостигаат инвестиции од странство а како главна причина за тоа, иселениците ја наведуваат недовербата кон македонските институции и трендот на брзо и често менување на политиките и законите поврзани со водењето бизнис. Како планирате да ги надминете овие проблеми?
-Се согласувам дека довербата е еден од главните фактори кои неизбежно влијаат на полето на инвестициите од дијаспората па токму поради тоа нашата главна мисија е вложување што поголеми напори во насока на постепено но сигурно враќање на довербата и секако на долги а не на привремени стази, занемарувајќи ги индивидуалните политички интереси и ставајќи акцент на изнаоѓање нови стратегии со цел постигнување на идеална инвестициска клима. Мојот Кабинет за дијаспора работи конкретно на превземање некои чекови заради подобрување на ситуацијата по пат на планирање идни проекти се надевам во соработка и со други институции и организации при што би се надминале некои од тие предизвици. Имено, редовната комуникација со нашата дијаспора и нивно посредно вклучување во процесот на решавање се некои основни методи за постигнување на таа цел.
На средбите со нашите иселеници меѓу другото се бара помош и во делот на отворање нови авиолинии и воспоставување посебна лента на граничните премини за да се избегне долгото чекање од страна на македонските иселеници. До каде се овие иницијативи?
-Ние веќе се обидовме да интервенираме во рамките на Законските ограничувања по пат на испраќање формален допис до одговорните институции со излагање на ваквиот тип барања од дијаспората, но за жал тука завршува досегот на нашата надлежност а други институции се одговорни за организирање и спроведување на било какви измени на ова поле иако ние нема да престанеме да лобираме во интерес на нашите сограѓани кои живеат и работат во странство.
Превземено од Локално.мк