Бурни реакции во јавноста на социјалните мрежи, осуди, критики, па дури и барање за реакција на обвинителството и казни, за интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ Латас.

Имено, во еден момент од интервјуто Латас се присетува на младоста и неговото прво сексуално искуство. Објаснувајќи го тоа, раскажа за случка со некоја девојка која имала 15 години, а тие биле нешто постари, но сепак и тие тинејџери. Наводно некој негов другар, ја тепал, пред да има односи со неа, па го викнал и Латас. Девојката била во фиќо, а раскажувањето на Латас оди во оваа насока.

Латас : И сеа ние сме собрани рецимо јас некои 14-15 години а овие другиве постара генерација 17-20, 22, 23 години и еден ми вика искочи надвор, ја мислам некој ќутек има нешто, и глеам седи една девојка у фичо.

– Лазаров : Исшамарана (хехехе)

– Латас : Џамовите замаглени све и ми вика влегуј работи! И јас ја глеам сиротињава мислам цела изгужвана во фичово, мислам можеш да замислиш во која положба. Влегуј и работи, и ме бутна он внатре, и сеа шо да праиме?

– Лазаров : Да работиш ( хахахаххахаххах )

– Латас : Ахахаха и покушаваш! А мислам дека таа беше и постара од мене!

На интервјуто реагираше и Хелсиншкиот комитет, осудувајќи го начинот и говорот на Латас.

Самиот автор на интервјуто, Лазаров, кој се смееше додека Латас сето ова го објаснуваше, се обиде да се оправда на социјалните мрежи.

-Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА! Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години, вели Јутјуберот.
Сепак, и на ова негово оправдување следуваа критики, бидејќи секако тој како водител морал да реагира, а не да се смее на она што го зборуваше Латас, без разлика на тоа што се работи за нешто кое се случило пред неколку децении.