Рома и Интер не успеаја да најдат заеднички интерес за размена на напаѓачот Един Џеко за играчот за врска Алексис Санчез.
Претходно беше објавено дека Босанецот, кој имаше конфликт со главниот тренер на римјаните, Пауло Фонсека, може да се пресели во Милано, а Чилеанецот во Рим.
Сепак, Рома не беше задоволна од финансиските детали за зделката. Во моментов преговорите се прекинати.
Во исто време, Интер одби да го размени играчот од средниот ред Кристијан Ериксен со Џеко. (МИА)