Финалето на Суперкупот на Италија следната сезона ќе се игра во Саудиска Арабија.
Така, шампионот Интер и освојувачот на Купот на Јувентус ќе се борат за трофејот на друг континент, а оваа одлука ја потврди и Паоло Дал Пино, претседателот на Серија А.
„Лигата воспостави контакти со Саудиска Арабија и сметаме дека ова е вистинскиот потег да ја промовираме нашата лига уште повеќе на другите континенти, но и во земјите низ целиот свет“, рече Дал Пино и додаде:
“Дуелот на Интер со Јувентус сигурно ќе привлече многу фанови, но тоа ќе биде и силен маркетиншки потег. Овие се два клуба кои имаат навивачи и интерес ширум светот”.
Сè уште не е потврдено во кој град и на кој стадион ќе се игра натпреварот од Суперкупот на Италија.
Стана се почеста ситуација Суперкупот во водечките европски земји да се игра надвор од границите на Стариот континент во форма на промоција на клубови, фудбал, но исто така и најважно за промовирање лиги.