Владата на денешната 64-та седница ја разгледа и усвои Информација за обезбедување на средства за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во износ од 6 милиони денари.
Одобрените средства,како што информираат од владината прес-служба, се наменети за проектот „Имуногенетски профил на пациенти со тешка клиничка слика на ковид-19“ кој ќе опфати анализа на најмалку 100 пациенти со тешка слика на болеста како и членови на нивни семејства и околу 1000 пациенти со прележан ковид–19 за да се дојде до одговори на повеќе прашања, од кои најважно е зошто кај некој луѓе таа поминува како безопасна, а кај други може да биде исклучително тешка и дури и фатална.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.