Институтот GATE при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ е домаќин на форум посветен на улогата на вештачката интелигенција и податоците како двигатели на иновациите и одржливиот развој, јавува Трибуна.

Годинешниот настан ќе се фокусира на европското законодавство во областа на вештачката интелигенција и неговото влијание врз технолошката и бизнис средината во Европа. Ќе се дискутира како регулативите се претвораат во практични решенија и кои се предизвиците во процесот на нивната имплементација.

Особено внимание ќе биде посветено и на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции, како клучен фактор за одговорен и инклузивен развој на дигиталните технологии.