Се чини дека големата популарност на апликацијата „TikTok“ и покрај бројните критики во изминатиов период упатени кон истата, како и појавата на нови социјални мрежи, како што е платформата за аудио разговор „Clubhouse“ ги „принудија“ и „Инстаграм“ да воведат нешто ново.
Оваа популарна платформа ја подобри својата постоечка „Live“ фунцкија, што сега ќе им овозможи на корисниците пренос во живо со повеќе од двајца во еден повик.
Од „Инстаграм“ се надеваат дека корисниците ќе ја користат новата опција за објавување интервјуа, ток-шоуа, групни туторијали, како и различни форми на музичка соработка.
Новата опција „Live Rooms“ е достапна веќе неколку дена, така што сите корисници на „Инстаграм“ би требало да добијат известување до крајот на неделава, пишува „Engadged“.
Зголемувањето на бројот на луѓе на „Live“ пренос е интересен начин за креаторите на содржини да стапат во контакт со поголем број гледачи, што секако може да го зголеми и нивниот број на редовни следбеници.