Инспекторите на терен од денеска почнаа да проверуваат дали храната се продава со замрзната цена.

Тие имаат увид во тоа за колку пари на 1-ви декември се продавале лебот, брашното, млекото, зејтинот, месото и сирењето, но не и граѓаните.

Велат граѓаните ако се посомневаат дека цените не се исти од тие на први декември, да пријават.

Според заводот за сатистика Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 3.8 %, а кај сирењето месото маслото и шекерот за околу 2 проценти. Намалување има само кај млекото за 0.3 %.

Стопанствениците се пожалија дека не биле контактирани за одлуката на владата, и како решение сметаа дека е добро да се воведеше контролиран раст на цените. Велат дека на тој начин ќе се ублажеше ударот врз нив.