– Инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд вчера извршија контрола на градилиште во Велес. При контролата биле затекнати тројца турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
 
Тој појасни дека Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето. Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој на пет лица им изрекол парични глоби и по една година протерување и забрана за влез во државата, додека на еден турски државјанин парична глоба и две години забрана за влез затоа што веќе имал активна забрана за влез.