Пазарниот инспекторат во саботата извршил над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија, со цел да види дали се почитува одлуката на Владата за замрзнатата цена на лебот од 33 денари.

Од таму велат дека поголем број од трговците ги почитуваат Одлуките на Владата. Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Онаму кадешто се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари. Инскептори на ДПИ и натаму ќе бидат на терен, а како што велат, за оние кои што нема да ја почитуваат владината одлука ќе следуваат казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија.