-Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет, а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи, меѓу кои седи инспектор за заштита на благосостојбата на животните во ПЕ берово од Агенцијата за храна и ветерина, ова стои во објавата на Анима Мунди на Фејсбук на кое има и видео.
Од здружението велат дека ќе поднесат пријава до надлежните институции.
-Нашето здружение ќе поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник, а уште помалку некој што треба да заштити животно во неволја, судејќи по видеото во прилог. Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува! Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање? – прашуваат од „Анима мунди.