Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) уште трае во Клиничката болница во Штип, а ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош.
Денеска од страна на ДСЗИ е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.
Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Доплнително, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што пациентот побарал лекарска помош: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот, соопштија од ДСЗИ.
По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатирана фактичка состојба.
Од ДСЗИ велат дека ќе иницираат формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.