INNOX Innovation Centre учествуваше на Take Off Istanbul 2025, еден од најзначајните меѓународни настани за стартапи, иновации и инвестиции, каде што беа остварени важни средби со претставници од финансискиот, технолошкиот и иновацискиот сектор.
На настанот присуствуваа д-р Билал Сучубаши, генерален директор на Halk Katılım Bankası и воедно претседател на Управниот одбор на INNOX, Абил Бауш, CEO на INNOX Innovation Centre, Зоран Лазаревски, член на МАСИТ и потпретседател на WITSA, како и Мухаммед Џан Вејсел, претставник на T3 Foundation во Црна Гора и истражувач во областа на меѓународните односи.
Во рамки на Take Off Istanbul 2025 беше потврдено дека T3 Foundation ќе реализира активности во просториите на INNOX во Скопје, со што се отвораат нови можности за соработка во областа на технологијата, иновациите и работата со млади. Истовремено, се разговараше и за можноста за организација на TEKNOFEST во Северна Македонија, како значаен настан за промоција на напредни технологии и таленти.
Дополнително, INNOX започна подготовка на програма за акцелерација на стартапи, која е планирана да се реализира во 2026 година, во партнерство со DİJİTALPARK TEKNOKENT од Турција. Програмата има за цел да им обезбеди на стартапите менторство, пристап до инвеститори и интернационални пазари.
Посебен акцент во овие активности има д-р Билал Сучубаши, кој се истакнува како еден од клучните поддржувачи на INNOX и значаен фактор во градењето на функционален екосистем за иновации и претприемништво во Северна Македонија.
Учество на Take Off Istanbul 2025 претставува значаен чекор кон интернационализација на INNOX и создавање конкретни можности за стартапите и иноваторите во земјата.






















