Центарот за иновации INNOX е почестен со „Признание за партнерство “ на Take Off Istanbul 2025, за придонесот во претставувањето и зајакнувањето на иновацискиот екосистем на меѓународната сцена.

Наградата му беше врачена на извршниот директор на INNOX, Абил Бауш, од страна на г-ѓа Елван Кузуджу Хадир, Претседателка на Одборот на Директори на Фондацијата T3, една од клучните личности во технолошкиот и стартап екосистем во Турција. Нејзиното присуство и поддршка го прават ова признание уште повредно.

Оваа награда ја потврдува растечката улога на INNOX во градењето мостови меѓу Северна Македонија, Турција и поширокиот регион создавајќи нови можности за соработка помеѓу стартапи, инвеститори, универзитети и технолошки партнерства.

Раководителот на INNOX, Абил Бауш, изрази благодарност до тимот на Take Off, Фондацијата T3 и сите партнери за довербата и соработката, потенцирајќи дека центарот ќе продолжи да ги проширува партнерствата и да ја поддржува иновацијата на Западен Балкан и пошироко.