Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ja информира јавноста дека го одложува конгресот закажан за 28 март во Скопје.
„Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се наведува во краткото соопштение во врска со одлагањето.
Иницијативниот одбор претходно побара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонредниот конгрес.