Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ за промени и свикување на вонреден конгрес, уште еднаш го повика Христијан Мицкоски да излезе и пред сите делегати да даде отчет. Како што велат од таму на партијата и треба лидер кој нема да бега од сите круцијални одлуки.

-Се уште актуелниот лидер Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе став и избега од референдумот, оставајќи го народот сам да одлучат дали ќе учествуваат или бојкотираат. Не собра храброст за цврст став за пописот. Не собра храброст да излезе на изборите во Штип, се вели во дел од нивното соопштение.

Од таму порачуваат дека доколку Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата, која му ја доделиле делегатите на валандовскиот конгрес, тогаш нека одвои малку време да излезе пред нив и да се соочи со нив.