Болниците во клиничкиот центар Мајка Тереза, ГОБ„8 Септември“ и градската болница „Наум Охридски“ веќе имаат зголемени сметки заради новите цени за електрична енергија, објавува Канал 5.

Највисоки сметки за струја доби Инфективната клиника скоро 27 илјади евра за еден месец, а ГОБ „8 Септември“ има долг од 240 илјади евра за струја и гас.

Од Инфективната клиника велат за две години се потрошени 730 илјади евра за набавка на кислород кој беше потребен скоро на секој пациент во болницата.

Од инфективна клиника објаснуваат дека се работи на реорганизација, но наредно за менување и реновирање е и опремата во ковид болниците што беа максимално искористени.

Извори за Канал 5 објаснија дека во наредните денови треба да се одржи состанок помеѓу ЕЛЕМ и министерствотро за здравство .