Русија ги регистрира првите случаи на индиската мутација на Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Властите соопштија дека потврдени е 16 случаи на оваа мутација меѓу индиски студенти на еден од државните универзитети лоциран во област на околу 700 километри од Москва.

Дилиар Какимов, службеник од здравствена агенција, изјавил дека студентите се ставени во изолација и се под медицински надзор.

Светската здравствена организација соопшти дека индиската мутација на Ковид-19 е загрижувачка бидејќи преелиминарните студии покажале дека лесно и брзо се шири.