Индискиот сој на коронавирусот кој е карактеристичен по двојната мутација и официјално е регистриран на 53 територии, покажува извештајот на СЗО.
Светската здравствена организација добила и информации од неофицијални извори според кои мутацијата на вирусот Б.1.617 е откриена на уште седум територии, со што вкупниот број на територии на кои е регистрирана оваа мутација се искачи на 60.
Во извештајот е наведено дека индиската мутација на коронавирусот покажала поголема преносливост, додека сериозноста на болеста и ризикот од инфекцијата и натаму се истражуваат.
Бројот на новозаразени и починати како последица на коронавирусот на глобално ниво продолжи да опаѓа во текот на минатата седмица.
Регистрирани се околу 4,1 милион нови случаи и 81 илјади починати како последица на коронавирусот, што е за 14%, односно 2% помалку во однос на претходната седмица.