Бројот на лица заразени со коронавирус во Индија постојано се намалува и многумина веруваат дека оваа земја ја добива битката со коронавирусот. Сепак, експертите посочуваат дека сѐ уште постои страв од нови потенцијални варијанти.

Advertisements

Во интервју за индиските медиуми на крајот на август, главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сомија Сваминанат, рече дека Индија е во ендемична фаза или дека се приближува кон неа, пишува Дојче веле.

Вирусот се смета за ендемичен кога е ограничен на одредена популација во географска област, што се уште предизвикува епидемии, но може да се управува, поточно дека вирусот останува трајно присутен во таа област, но не го нарушува текот на животот.

Оваа теза е потврдена со фактот дека бројот на луѓе на кои им треба хоспитализација е намален, а тешките случаи станаа реткост.

Сомија за ДВ вели и дека, како што Индија ќе влезе во ендемична фаза, ќе има „подеми и падови“ на регионално ниво и дека не е исклучено зголемување на бројот на заразени во области со ниска стапка на вакцинација.

Скоро секој има антитела

Шефот на СЗО, Рајеш Бушхан, вели дека масовното тестирање утврдило дека 65% од населението создало антитела против коронавирусот. Истражувањето е спроведено на национално ниво во јуни и јули на 29 000 учесници.