Индија денеска забележа највисок број на новозаболени и овој црн рекорд се однесува на целата земја. Регистрирани се нови 314.835 случаи на ковид-19.

Досега, јавува Ројтерс, највисокиот број на нови случаи во еден ден бил во САД кога се регистрирани 297.430, додека “worldometers.info” вели деак на 8 јануари во Америка имало 307.851 новозаболени.

По бројот на починати, Индија исто така е на првото место. Со починати 2104 за еден ден и вкупен број на смртни случаи 184.657.

Врховниот суд на Индија јавно ја критикуваше централната власт поради лошата набавка на кислород за болниците, а во средата бројот на починати бил над 200 во Њу Делхи.