Две лица предизвикале инцидент во автобус на ЈСП откако биле предупредени да ги почитуваат здравствените протоколи и да стават маски, пишува express.mk
Како одговор на тоа насилниците порачуваат дека тие се верници, а другите неверници, дека патниците не знаат со кого си имаат работа, ќе сечат глави и ќе ги стават во киселина.
Видеото е објавено на Твитер, а според изворот кој го објавил видеото на крајот го нападнале девојчето кое го снимило видеото.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021