Ноќеска десетина минути по полноќ, вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека петнаесетина минути пред тоа едно лице дошло, ја зело и потоа во возило “форд“ ја ставило наводно неговата мајка, а која претходно починала од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Од СВР Тетово велат дека преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.