Сигурно често се прашувате дали е во ред и безбедно да се јаде чоколадо со бели траги на површината. И, што може да ни се случи ако, сепак, не можеме да му одолееме?
– Ова е мошне комплексно прашање. Треба да се знае дека чоколадото има многу долг рок на траење, што значи дека ништо не се менува во неговиот состав подолго време. Понекогаш производителите наведуваат дека рокот на употреба е една година, но дури и по неколку години оваа намирница е потполно безбедна – вели Ана Шулајева, руски имунолог алерголог.
Лекарите велат дека за труење со чоколадо може да се зборува само во случај кога му истекол рокот на траење, а тоа е „заразено“ со бактерии, што се случува, на пример, поради неправилно складирање. Тогаш во него постојат микроорганизми кои можат да предизвикаат труење, како што се стафилококи, стрептококи, салмонела, ешерихија коли и други.
Исто така, постои поголема веројатност за труење во случај на консумирање чоколадо со фил.
– Второ прашање е полнењето (филот). Вистина, за да се појави реакција, треба да изедете огромна количина слатки. По правило, ако изедете поголема количина чоколадо со неквалитетен фил, поголема е веројатноста да се појават благи нарушувања на празнењето, како што е пролив – вели д-р Ана.
Знаци на труење се:
* чувство на непријатност во стомакот
* болка што се влошува при одење во тоалет
* општа слабост
* знаци на интоксикација: главоболка, чувство на општа слабост, жед, недостаток на апетит
„Првите симптоми на труење се пролив и повраќање. Посебно внимание треба да се обрне кај повраќањето, особено ако е во големи млазови и без прекини“, забележува имунологот.
Не треба да се заборави и на зголемениот ризик од алергии, бидејќи чоколадото и неговите деривати се силни алергени.
Симптоми на алергиска реакција:
* чешање и црвенило на кожата
* слабост
* мало зголемување на температурата