Некогашниот напаѓач на Интер и Бразил, Адриано вели дека Ромелу Лукаку многу го потсетува на него. Тој за Интер одигра 177 мечеви и постигна 74 голови. Адријано тврди дека Лукаку има многу сличности на него и замислува како би изгледале заедно на теренот.
-Ромелу е многу сличен на мене, во сите аспекти, не само поради силата и левата нога, туку поради понизноста и многу силната поврзаност со семејството, изјави Адријано за Газета дело Спорт.
-Едноставен е, технички многу добар и никој не може да го сопре. Замислете го моментот јас и тој заедно на теренот. Мама миа!, порача Адријано.
Како што вели со Лукаку никогаш не се сретнале, но редовно се допишуваат на социјалните мрежи.