Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека на 5-ти јуни (сабота) ќе објави големо изненадување, кое како што вели, ќе предизвика дебата во јавноста како идејата за „прв премиер Албанец“. Заев вчера рече дека знае за идејата, но не сака да открива ништо и тоа го остава на ДУИ.

Сепак, дел од албанските медиуми денеска пишуваат дека големата тајна на Али Ахмети е всушност Имер Селамни, кој наводно треба да биде заеднички кандидат на ДУИ и СДСМ за локалните избори за градоначалник на Град Скопје. Како што пишува „In7.tv“ Селмани треба да биде заедничкиот кандидат. Воено овој медиум додава дека на претседателските избори, Селмани отворено го поддржа Стево Пендаровски, држејќи говор на промотивниот митинг. Сега, наводно неговото име се смета за најсоодветно од страна на СДСМ, ДУИ, Беса, и другите помали партии во рамките на големата коалиција на СДСМ.

Имер Селмани беше министер за здравство во Владата на ВМРО-ДПМНЕ-ДПА  (2006-2008), а подоцна формираше и своја партија Нова демократија, која не ја преживеа политичката сцена. Тој претходно беше градоначалник на Сарај.