Ако имате темпераментно дете, би можело да ви биде исплатливо да ги вклучите гушките во нивната рутина пред спиење, сугерира една нова студија. Истражувачите откриле дека пасивните трикови кои му помагаат на детето да заспие, како што се гушкање, пеење и читање, се позитивно поврзани со темпераментот на детето.
Од друга страна, активностите како пешачење, возење или играње со детето имаат негативен ефект, заклучи тим од меѓународни научници кои дојдоа до заклучок врз основа на анализа на 841 родител од 14 земји. Сите имале деца на возраст меѓу 17 и 40 месеци. Од родителите беше побарано да го наведат темпераментот на своето дете и да одговорат на прашањето кои техники ги користат за да го поттикнат детето да спие.
Земјите каде родителите користеле најпасивни трикови пред спиење се САД, Финска и Холандија, додека Романија, Шпанија и Чиле се на врвот на листата кога станува збор за користење на активни техники.
„Нашата студија покажува дека техниките за спиење на родителите се многу поврзани со детскиот темперамент во различни култури, што потенцијално влијае на нивниот развој. На пример, земјите со поголемо потпирање на пасивни стратегии имале мали деца со повисоки резултати за дружељубивост“, вели еден од авторите на студијата, Кристи Фам од Државниот универзитет во Вашингтон.
Резултатите од студијата беа објавени во списанието Frontiers in Psychology.