Секој понекогаш нешто несвесно црта. Обично е тоа кога зборува на телефон, седи пред компјутер или едноставно се досадува. А, тие цртежи укажуваат на важни детали врзани за нашата личност или моменталната психа, проблемите кои нè мачат и слично.

Обратите внимание што најчесто цртате, бидејќи тие облици доаѓаат од вашата потсвест и говорат многу за нас. Тие откриваат дали сте осамени, што ве мачи, што сакате и слично…

психопат
Фото: Профимедиа

Човечки ликови

Ако цртате едноставни човечки облици тоа може да покажува дека се чуствувате беспомошно или сакате да се тргнете од некаква одговорност. Но, ако во цртежите луѓето се нацртни во детали, тоа е знак дека сте емоционално нестабилни и сакате да се отргнете од другите луѓе.

Кругови и прстени

Ова покажува дека имате желба да се поврзете со останатите луѓе и дека работите заедно со нив. Тие се знак дека се чуствувате осамени и исклучени од остатокот на светот, како и дека не добивате доволно внимание од другите.

Животни

Тоа може да биде јасна индикција на емоции кои ги преживувате тој ден. Ако е тоа тигар или волк – тоа покажува дека криете агресија. Ако се работи за лисица, тоа значи дека сакате да направите нешто мудро. Цртање зајак е знак дека очекувате некој да ви помогне и да ве заштити. Лавот е сигурност, супериорност на сите околку себе. Ако цртате постојано исто животно, тоа покажува дека се споредувате со него, а тоа може да биде и одраз на вашето однесување и личноста.

Спирали, кругови и брановити линии

Проблемите на другите луѓе за вас не се премногу важни и не ве интересираат. Можеби поминувате сопствената емоционална криза, па вашите мисли се вртат во круг. Чуствувате потреба да го гледате сопственото однесување и да престанете да се конфротирате со луѓето околу вас.

Ѕвезди

Сакате да бидете во центарот на вниманието и важно е сите да ве забележат. Ако цртате ѕвезди со многу различни врвови, тоа може да е знак дека ве мачи големо чувство на тага.

Квадрати, ромбови и други геометриски тела

Овие форми откриваат доследна и упорна личност со цврсти уверувања и цели, кои воопшто не ги крие од другите. Оваа личност е многу внимателна.