Некои знаци се навистина компатибилни, а некои воопшто не се поднесуваат. Ова не значи дека врските помеѓу овие луѓе се осудени на пропаст, туку ако ја знаете динамиката на вашите знаци ќе ви биде полесно да се справите со разликите.
Навистина е интересно да имате ист хороскопски знак со вашиот партнер бидејќи партнерот можеби ќе ги рефлектира вашите најлоши и најдобри особини кон вас. Она што ве иритира кај вас, ќе ве иритира и кај партнерот. Но, она за коешто се гордеете, ќе важи и за партнерот.
Можно е и двајцата да имате исти инстинкти и одлики, а ова води до компатибилност. Од друга страна пак, ова покажува каде постојат потенцијални конфликти. Различните животни искуства и карактери значат дека двајца луѓе со ист знак ќе ги покажуваат одликите на знакот на различен начин.
Одредени знаци се покомпатибилни едни со други, како на пример Раковите. И двајцата партнери сакаат да им е удобно во врската. Ќе си дадат време да се запознаат и да развијат длабока емоционална поврзаност.
И Бикот е компатибилен со неговиот знак, под услов да имаат исти верувања со партнерот. Доколку им се разликуваат мислењата, тврдоглавиот Бик нема да може да ја погледне ситуацијата од туѓа перспектива.
Бидејќи сите Ваги сакаат хармонија и мир и се навистина чувствителни, две Ваги би биле добар пар. Слично важи и за Стрелците кои со задоволство ќе одат на заеднички авантури, ќе откриваат нови нешта и нема предолго да останат на исто место.
Постојат и парови кај кои би имало повеќе конфликти отколку хармонија. Лавот сака да биде во центарот на вниманието и го привлекуваат луѓе коишто го ценат и слават. Иако Лавот би сакал да има исто популарен партнер, не сака да го дели центарот на вниманието. Тој сака да биде единствената ѕвезда.
Комбинацијата од два Овни е исто проблематична бидејќи Овенот сака да биде во право во сите ситуации, сака конфликти и конкуренција и не сака да се извинува. Ако открие како да се расправа со друг Овен на продуктивен начин, врската ќе преживее и ќе биде полна со страст и авантури.
На Близнаците никогаш нема да им биде здодевно со други Близнаци, но непредвидливоста и неодлучноста на двајцата партнери не е добра на долгорочен план. Потребно е едниот од партнерите да покаже некаква стабилност и да се приземји бидејќи ако и двајцата постојано го забораваат паричникот, кој ќе плати за вечерата?
Водолијата ќе ужива во постојаниот разговор и стимулација од друга Водолија. Но на Водолиите не секогаш им е удобно да водат искрени емоционални разговори, па оваа врска ќе биде забавна, но ништо повеќе.
Кога започнувате нова врска, навистина е охрабрувачки да забележите некои сличности помеѓу вас и партнерот. Овие нешта се знаци за добра иднина, а понекогаш вашите одлики што ги препознавате кај партнерот ќе направат да се чувствувате удобно.