Пожелни се дупчиња на образите, но не толку на задникот или бутовите. Целулитот го мразат многу жени, а според Клиниката во Кливленд, дури 80 до 90 отсто од жените го имаат. Зошто се појавува и дали има некоја храна што ја зголемува веројатноста за појава?
Иако науката допрва треба да ги открие сите причини за целулитот, експертите веруваат дека хормоните и генетиката играат голема улога во неговиот развој. За среќа, целулитот не е опасен по здравјето. Меѓутоа, доколку сакате да ја намалите веројатноста да се појави, избегнувајте ја оваа храна, советува Eat This.
Сладолед
Исхраната богата со масти не прави повеќе склони кон целулит. Полномасната млечна храна како сладолед е богат извор и на калории и на заситени масти.
бел леб
Можеби не е секогаш солено, но лебот е скриен извор на натриум. Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), лебот и колачите се меѓу првите 10 извори на натриум во западната исхрана. А комбинацијата на сол и рафинирани јаглехидрати придонесува за веројатноста за појава на целулит. За да ги намалите шансите за зголемување на телесната тежина и целулитот, интегралниот леб е подобар избор.
Колачи
Бисквитите, колачите и крофните содржат масти, рафинирани јаглехидрати и натриум. Доколку се консумираат прекумерно, може да имаат последици на целулитот.
Пица
Не е изненадување што пицата не е најдобриот избор ако сакате да изгубите тежина или да го намалите целулитот на вашето тело. Пица содржи сол, која предизвикува задржување на течности во телото. И ако течноста се акумулира во крвните садови, може да ги притисне масните клетки на целулитот, правејќи ги повидливи.