Кога имал само 15 години, Џо Лигон бил осуден на доживотен затвор. Се товарел за учество во грабеж и напад во кој починале две лица, а шест биле повредени.
Пред три дена Лигон кој сега има 83 години беше ослободен од државниот затвор во Пенсилванија како слободен човек.
Поминал цели 68 години зад решетки. Лигон никогаш не престана да тврди дека не учествувал во убиствата и дека неправедно ја издржувал казната.
Таа казна беше намалена на 35 години во 2017 година кога Врховниот суд на САД донесе одлука дека автоматските доживотни казни за деца се сурови. На многу затвореници чии случаи се слични на оној на Лигон, им е намалена казната и поднесоа барање за условно ослободување.
„Трошиме човечки животи и пари со луѓе кои се премногу долго затворени. Да се надеваме дека со ослободување на малолетници осудени на доживотен затвор, ќе го разгледаме начинот на кој ги осудуваме луѓето“, рече судијата по неговата одлука.