Фото Архива

ТВ Клан објави дека синоќа во Собранието имало средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Христијан Мицкоски и Африм Гаши.

Додека Гаши ја потврди средбата и наведе дека е разговарано за актуелната политичка состојба и евро-интеграциите, Мицкоски во изјава за Клан тврдеше дека станува збор за куртоазно поздравување на сретнување во собраниските ходници.

Мицкоски беше во друшто на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски е рече дека зборувале за идните активности на пратеничката група.

Инаку, Атлернатива се поизвесно е дека е можно да ја напушти владината коалиција, откако Алијанса за Албанците потврди дека постигнале договор за влез во Влада. Речиси сите ресори што и припаѓаат на Алтернатива, плус некои, ќе и припаднат на Алијанса за Албанците според договорот помеѓу Таравари и Ковачевски.