„Форбс“ секоја година прави листа на најбогатите луѓе во светот, каде своевремено се нашле и регионални личности, меѓу кои и српски бизнисмени.
Првиот човек на „Делта холдинг“ Мирослав Мишковиќ пред 14 години се најде на 891 позиција на листата на „Форбс“, а неговото богатство тогаш се проценувало на околу една милијарда евра, а позицијата ја делел со уште 50 бизнисмени, пишува 24седам.
Регионалното издание на „Форбс“ со свое седиште во Загреб имаше свое последно издание на листата во 2016 година, а прворангиран на таа листа во Србија, беше сопственикот на „МК групи“ Миодраг Костиќ, чии деловни приходи на компанијата изнесувале нешто помалку од половина милијарди евра.
Инаку, за разлика од американскиот „Форбс“, кој го мерел личното богатство, регионалното издание се потпирало на деловни приходи.
Според одредени пресметки, а при економската криза во 2008 година, богатството на само десетина најбогати бизнисмени во Србија се мерело во милијарди евра.
Така, во 2009 година само 10 луѓе во Србија во своето богатство имале околу 30 отсто од БДП на земјата, што е речиси десет милијарди евра. Меѓу нив, покрај Мирослав Мишковиќ, бил и Богољуб Кариќ, кој во 2005 година на листата на „Форбс“ бил прогласен за 21. најбогат бизнисмен во Европа.
На листата на „Форбс“ се наоѓале и Филип Цептер, Петар Матијевиќ, но и многубројни бизнисмени чии фирми во меѓувреме пропаднале. Меѓу нив се Мирослав Богичевиќ, сопственикот на „Фармаком МБ“ и Горан Перчевиќ, сопственикот на „Интеркомерц“.
Оваа година, покрај листата на најбогати луѓе на светот, угледниот магазин „Форбс“ направи список на десет градови кои имаат најмногу милијардери.
На првото место е Пекинг, кој има 100 милијардери, што е пораст за 33 во однос на минатата година, а нивната тотална вредност е 484,3 милијарди долари, додека најбогатиот жител на главниот град на Кина е Џанг Јиминг со 35,6 милијарди.