Доколку мислите дека е невозможно да живеете без компјутер и мобилен, оваа холиувудска легенда ќе ве демантира…

Холивудскиот актер Кристофер Вокен го воодушеви светот кога во интервјуто за американскиот водител Стивен Колбер изјави дека „никогаш немал мобилен телефон“.

„И овој компјутер преку кој се јавувам ми го донесоа за да се вклучам, немам ниту мобилен, ниту компјутер“, изјави Кристофер на почетокот на интервјуто.

Instagram
Instagram

Оскаровецот изјави дека „нема ништо против технологијата, туку дека некако таа го заобиколила“.

Никогаш не се заинтересирав бидејќи би било чудно да гледам како еден десетгодишник знае повеќе од мене“, вели тој.

Вокен откри дека за време на снимањето на некој филм има телефон – кој му го дава некој од продукцијата „со цел да можат да го најдат“.

Instagram
Instagram

„И во тој случај некој наместо мене мора да го заврти бројот, бидејќи јас не знам“, изјави искрено актерот и додаде:

„За мене мобилниот телефон е како часовник – доколку ти затреба секогаш некој покрај тебе го има“.

Преземено од Еспресо.мк