Обвинителството завршило со прибирање дополнителни докази и информации за Диво Насеље од 2015. Не откриваат дали има нови траги од истрагата за вооружениот настан, но велат дека одлуката ќе ја донесат по анализа на податоците, објави ТВ21.
„Во насока на расчистување на случајот, предметниот обвинител согласно своите надлежности ги презема неопходните дејствија, прибира докази и информации, по проучување на истите ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од обвинителството за оваа телевизија.
Еден од адвокатите на осудените, Насер Рауфи, не мисли дека ќе има дополнителни докази. Тој тоа го поддржа со информации кои ги добил од Обвинителството.
Но и во случај Обвинителството да не открило ништо ново, пред околу една година, директорот на Агенцијата за контраразузнавање, Еролд Муслиу во интервју за РСЕ рече дека почнале да добиваат нови информации кои за Агенцијата не биле претходно познати.