Две причини ги здружија анти-американските сили и делот од опозицијата кој ионака ги минираше сите про-западни проекти во Македонија изминатиот период.
Анти-западните спонзори со сите сили за обидуваат да ја срушат инвестицијата за автопатиштата, а сомнежите одат до таму дека причината е што проектот го реализира американска компанија.
Целата хистерија изминатиот период беше поддржана од разни експерти, новинари, медиуми, невладини организации кои важат за анти-американски настроени. Според ПР експертите, се случува многу добро осмислена и скапо платена, координирана и оркестрирана пи-ар стратегија.
Но загрижува и тоа што дел од опозицијата е вклучена во хајката против Бехтел и Енка.
Познавачите велат дека за делот од опозицијата кој го минира проектот, покрај тоа што е анти-западно настроена, има и причина плус овој проект да биде блокиран.
Опозицијата не сака да гледа како се градат автопатишта со таква брзина и динамика каква што е предвидена во проектот, имајќи го во предвид фактот што за година ипол имаме избори, а изградбата на автопатите Битола – Прилеп, Тетово – Гостивар и останатите делници во тој период ќе се градат со полна пареа. Тоа всушност ќе биде невиден пораз за таквата опозиција бидејќи нивниот проект автопатски проект никако да заврши, покрај промашените траси и рокови, стана вистинско фијаско.
Познавачите додаваат дека Бехтел и Енка се сериозен конзорциум кој работи со квалитет и брза динамика.
Отворен дел од Моравскиот коридор: Првиот „паметен“ пат во Србија, го градеше Бехтел
Денеска е отворен делот од патот на делот од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан. Секцијата ја отвори претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Коридорот ќе ги поврзува областите Расин, Рашки и Моравица. Првиот дел од овој инфраструктурен проект е завршен и сообраќајот ќе биде обновен во текот на денот.
Инаку, Моравскиот коридор ќе стане првиот „паметен“ пат во Србија, а како што најави Вучиќ, возачите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за сообраќајниот метеж, временските услови, а покрај патот ќе има и безжичен интернет.
Тој додаде дека од Прељина до Појат ќе трае помалку од еден час, „но реално 45 минути“. Кога ќе заврши патот до Пожега, не треба повеќе од два часа и 15 минути да се стигне до Ниш.
Првата делница од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан е долга 16,9 километри, а до октомври треба да бидат завршени дополнителни 10,7 километри до Кошево, што ќе го поврзе Крушевац со автопатот.
Превземено од Центар.мк