Холивудскиот глумец Мел Гибсон, чиј живот го следеа бројни скандали, денес полни 65 години.

Се прослави со улогата на Лудиот Макс, а за малку немало да ја добие бидејќи пред аудицијата се степал со тројца мажи, па целото лице му било деформирано.

За филмот „Храбро срце“ освои два Оскари, за најдобар режисер и за најдобар филм.

Мел Гибсон со Џоди Фостер во „Маверик“/Profimedia

Со години се бореше со алкохолизмот, обвинет е за хомофобични изјави, но се оправдал дека бил под дејство на алкохол во моментот кога ги изговорил.

Во јавност излезе снимка на која ја навредува бившата девојка и мајка на едно од неговите деца, Оксана Григориева.

Бил причинител на неколку сообраќајни незгоди, а често ги навредувал Евреите бидејќи сметал дека тие се виновни за сите војни што му се случија на светот.

Гибсон во „Храбро срце“/Профимедиа

Денес Гибсон сака сето тоа да го остави зад себе и да му се посвети на семејството.

Со медицинската сестра Робин Мур, со која беше во брак од 1980 до 2011 година има седум деца, а од 2014 година е во врска со 35 години помладата Росалинда Рос, со која во 2017 го доби синот Ларс.