Утрово почна вакцинацијата на пратениците, кои спаѓаат во т.н критична инфраструктура на државата според националниот план за вакцинација. Тие ќе се вакцинираат во неколку групи, а како што изјави претседателто на Собранието, Талат Џафери, запишани се сите 120 пратениц. Од нив зависи дали ќе одговорат на повикот за вакцинација и закажаниот термин.
Но, дел од пратениците се револтирани. Имено, како што вели Павле Трајанов, им било најавено дека ќе ги вакцинираат со Фајзер. Сепак, кога пристигнале таму, ги „боцкале“ со Спутник.
-Официјано беше дека со фајзер ќе бидеме вакцинирани. Луѓето се спремаа за Фајзер. Сега излезе дека со Спутник. Мислам дека не е коректно, изјави Трајанов, кој на новинарско прашање дали тоа значи дека не верува во руската вакцина, порача дека верува во правото на избор на граѓаните, а сите вакцини се супер.