Со силни пароли, транспаренти и знамиња, денеска во Скопје се одржа голем марш во поддршка на палестинскиот народ и во знак на протест против, како што истакнаа учесниците, „израелската окупација и геноцидот во Газа“. Под мотото „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“, демонстрантите се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“, од каде што се упатија кон зградата на Владата, јавува Carsija Times.

Настанот беше организиран од граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“, која порача дека маршот е дел од глобалното движење на солидарност и отпор. Организаторите побараа македонските власти конечно да ја признаат државата Палестина и да преземат конкретни дипломатски чекори.

„Нивната мака е огледало на нашата македонска мака. Палестинската борба за слобода е истата борба што ја воделе нашите дедовци. Како што Македонија била распарчена по војните, така и Палестина денес е окупирана и поделена. Болката на палестинската мајка е болката на нашите прогонети баби од Егеј,“ порача еден од говорниците.

Маршот заврши пред Владата со повици за прекин на молкот и политичко делување. Организаторите најавија нови чекори, петиции и јавни акции, најавувајќи дека ова не е еднократен протест, туку почеток на поширока мобилизација и политички притисок.

May be an image of 8 people and textMay be an image of 4 people and crowd

May be an image of 1 person and crowd