Илон Маск се „откажа“ од функцијата главен извршен директор на „Tesla“ и стана „Техно крал“ – „Technoking of Tesla“.
Имено, компанијата „Tesla“ при поднесувањето на новата пријава до американската Комисија за хартии од вредност, го додаде „Technoking of Tesla“ на списокот на официјални титули на извршниот директор Илон Маск, а на шефот за финансии на компанијата Захари Кирхорн е додадена функцијата „Master of Coin“.
Но, тие ќе ги задржат своите постандардни титула, затоа што веројатно станува збор за интерна игра на имиња на позиции – во светот не постојат такви позиции во рамките на компаниите.
Tesla has officially listed founder Elon Musk as its ‘Technoking’ in a regulatory filing, while the firm’s financial chief is named ‘Master of Coin’ https://t.co/ZyfOWyHTef pic.twitter.com/sQT3j2SsOM
— Reuters (@Reuters) March 15, 2021
Сепак, светската јавност не е изненадена од ваквите информации, имајќи го предвид фактот дека Маск претходно „помогна“ да се зголеми популарноста на крипто-валутите, вклучувајќи ги и биткоините, со редовно коментирање на социјалните мрежи дека е „поддржувач“ на истите.
Минатиот месец, од компанијата „Tesla“ открија дека купиле биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и размислуваат наскоро да интегрираат плаќање за автомобилите со најпопуларната криптовалута во светот.
Маск неодамна ја коментираше и помалку познатата криптовалута „Dodgecoin“ нарекувајќи ја „народна криптовалута“ со што веднаш ја зголеми нејзината вредност.
Ова не е прва „чудна“ изјава на Маск. Тој минатата година ги критикуваше мерките и препораките на здравствените власти поврзани со пандемијата на коронавирусот, нарекувајќи ги „фашистички“ и „неамерикански“. Еднаш за време на дебата во 2018 година, Илон го прекина неговиот тогашен директор додека одговараше на прашање на алитичарите велејќи „Проклето досадни прашања, тоа не е кул. Следно?“.
А неодамна на својот твитер-профил Маск му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин прашувајќи го дали би сакал да има интервју со него на апликацијата за социјални мрежи „Clubhouse“.
Но сето тоа станува неважно, затоа што фактот стои дека уште од самиот почеток, Маск работи на идејата „Tesla“ да стане водечка сила која ќе ја смени целата автомобилска индустрија насочувајќи го светот кон употреба на електрични возила. Тој успеа да ја направи „Tesla“ една од највредните американски компании од секаков вид. Компанијата вреди приближно колку седумте најголеми светски производители на автомобили заедно.