Светот мора да продолжи да вади нафта и гас за да ја одржи цивилизацијата, а истовремено да продолжи да развива и одржливи извори на енергија, изјави основачот на Тесла, Илон Маск, на денешната прес конференција во Норвешка. „Реално, мислам дека треба да користиме нафта и гас на краток рок, бидејќи во спротивно цивилизацијата ќе се распадне“, рече Маск.
Запрашан дали Норвешка треба да продолжи со дупчење за нафта и гас, Маск рече: „Мислам дека некои дополнителни истражувања се оправдани во овој момент. Еден од најголемите предизвици со кои светот некогаш се соочил е транзицијата кон одржлива енергија и кон одржлива економија… за што ќе бидат потребни неколку децении за да се заврши.