– Не сакаме и не работиме за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо ги одржат првите меѓувладини конференции и тоа е една од причините за мојата посета, изјави претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија.
Прашан за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, Мета рече дека за ова многу важно прашање за двете земји разговарал и со претседателот Стево Пендаровски.
– Имавме многу добро разбирање и ќе ги интензивираме нашите напори. Ќе бидеме трпеливи и ќе работиме поблиску и посилно, изјави Мета.
Мета претходно денеска беше примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба има средба и со претседателот на Собранието Талат џафери.
-Северна Македонија и Албанија преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Се согласивме за потребата за скорешен почеток на пристапните преговори на двете земји за членство во Европската Унија, е пораката на Пендаровски.
Албанскиот претседател е во работна посета на земјава на покана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, каде треба да одржи предавање на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“