„Соработката меѓу локалната и централната власт треба да биде на повисоко ниво, подинамична се со цел за да може Општина Куманово да аплицира со проекти до Централната власт, за да ги знаеме тековите, кои проекти ќе се објавуваат, и се со цел тие проекти да бидат реализирани за општината“, посочи кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски во „Изборната дебата“ на ТВ21.
Тој вели дека тие на дневно ниво, во иднина, ќе комуницираат со централната власт со цел сите проекти од програмата, која ќе им ја понудат на граѓаните, да бидат реализирани.