Да го решиме сообраќајниот метеж, прво треба да го донесеме генералниот урбанистички план, кој 4 години не можеа да го направат, но сега пред граѓаните јавно ветувам дека тоа прво ќе го сториме.
Реконструкција на 80 километри на улици, изградба на 3 катни гаражи, продолжување на улицата Октомвриска револуција до автопатот Е -75 ќе бидат нашиот приоритет за решавање на сообраќајниот метеж во Куманово.