Или ќе се вакцинирате или ќе одите во затвор. Ова им го порача филипинскиот претседател Родриго Дутерте на граѓаните по слабиот одзив за вакцинација.

-Немојте погрешно да ме сфатите, но земјата е во криза. Огорчен сум на граѓаните кои не ја почитуваат својата влада, рекол Дутерте.

Инаку, земјата води голема битка со коронавирусот и има преку 1,3 милиони заразени и повеќе од 23 илјади мртви.