Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека на Македонија и треба строго дигитален попис. Тој ова го изјави во гостувањето во емисијата Студио 10 на Телевизија 24. Како што вели тој пописот уште не е почнат, а веќе има искри и дека ваков како што се планира да се спроведе ќе направи политички проблеми.

-На Македонија и требаше строго дигитален попис.Ние ќе имаме теренски попис кој во претпописна фаза ќе користи бази на податоци за олеснување на влезот на податоци од теренскиот попис, значи базите кои ќе се користат во овој попис, нема да го прават пописот сам по себе, вели Димовски.