Мауро Икарди ги шокираше обожавателите пред неколку дена објавувајќи фотографија на социјалните мрежи.
Икарди не играше вчера против Дижон, и воопшто не беше во конкуренција за овој натпревар.
Аргентинецот не тренираше неколку дена поради гастроентеритис, а потоа објави фотографија од креветот со маска за кислород.
„За сите кои се заинтересирани, тоа е хипербарична комора што ја имам дома која ми помага да спречам повреди и ми помага побрзо да закрепнам од натпреварите, тренинзите“, објасни тогаш Икарди, а потоа зборуваше повторно.
„Многумина мислеа дека лажам и имам сериозни здравствени проблеми, но тоа не е така. Сè е во ред и сега жал ми е што воопшто ја објавив таа фотографија“.