Голем интерес за учество на турнирот
И ако до почетокот на традиционалниот меѓународен шаховски рапид турнир на Попова Шапка, преостануваат уште 4-5 дена според шаховскиот сајт https://chess-results.com/ , до овој момент за учество се пријвени дури 174 шахисти од Македонија, Италија, Албанија, Србија, Грција и Косово. Речиси сигурно е дека до стартот на овој настан борјот на учесници ке биде рекорден во однос на досегашните турнири.
Инако како што е веќе познато овој Open Rapid “ВИЗИОНИ М” е во организација на шаховскиот клуб “Анпасан” од Тетово, на 25 јуни во хотелот „Скардус„ на Попова Шапка.
Турнирот ќе се игра 9 коло по швајцарски систем, по правилата на Фиде за забрзан шах, со темпо на играње 10 мин за секој играч плус бонус од 5 секунди за секој одигран потег.
На турнирорт се предвидени парични награди за прво пласираните петмина и дополнителни пет специални награди.
На овој се повеќе примамлив турнир за шахистите во регионот и пошироко, за кој најголема заслуга имаат вредните шаховски ентузиасти од овој клуб на чело со неумпрниот шаховски работник Назмидин Имери, меѓу пријавените има и повеќе звучни шахоски имињ: Велемајсторот Роландо Кутиров, интернационалните мајстори Ндерим Сарачи (КОС), Тони Лазов, Тони Кировски, Бедри Садику (КОС). Потоа Фиде мајсторите Индрит Уручи (КОС) , Драган Живиќ (СРБ) Лоренц Раама (АЛБ), Александар Кралевски, Лјубимор Илич, Роела Паско (АЛБ) итн.
Директорот на турнирот е Беким Сулејмани, а главен судија ке биде И.А. Сашко Лакински.
https://chess-results.com/tnr768955.aspx?lan=1