Барселона вечерва доживеа нов срам.

Каталонскиот гигант беше поразен од Бенфика во Лисабон со 3:0 и е последнопласираната екипа во групата Е по две кола.

По вечерашниот натпревар, капитенот Серхио Бускетс застана пред новинарите и имаше што да каже.

Тој смета дека единственото решение не е да се смени Роналд Куман од клупата.

„Најлесно е да го избркате тренерот од клуб. Сите ние сме одговорни. Се наоѓаме во критична ситуација“, рече Бускетс, додавајќи:

„Очајни сме во нападот и одбраната“, рече Бускетс.

Истото мислење го има и Френки де Јонг.

„Промената на тренерите нема да ги реши нашите проблеми“, рече Де Јонг.

Барселона не упати удар кон противничкиот гол на два натпревари и тоа е навистина неверојатно.