Пациентите со цистична фиброза се уште го чекаат лекот Трикафта. Иако уште пред неколку дена беше најавено дека се обезбедени средства и дека за осум пациенти кои се во најкритична состојба лекот ќе биде обезбеден, сепак очигледно е дека се уште го нема.

Игор Пехчевски, кој боледува од оваа болест, преку социјалните мрежи испрати порака до функционерите.

На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ.

ГОСПОД!

Уште колку време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…

Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет?

ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете!